УМЕТНИЦИТЕ ДАН И ЛИА ПЕРЖОВСКИ СО ПРЕДАВАЊЕ И РАБОТИЛНИЦА ВО МСУ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски денеска од 19 часот ќе одржат предавање во Музејот на современата уметност во Скопје насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Влезот е слободен. Утре од 12 часот ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“.

Дан Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми и преку него ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблеми поврзани со комуникацијата денес и прашања поврзани со современата уметност. Тој најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Лиа Пержовски е истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Основач е на неколку платформи и институции и има реализирано бројни самостојни изложби низ светот.