Дваесет и третото издание на Неделата на италијански филм ќе се одржува од денеска до 21 мај во Кинотеката. Годинашната тема е „Бајки“, интерпретирана како фантастични приказни кои нè поттикнуваат да размислиме за реалноста.
Организиран од Амбасадата на Италија во соработка со Италијанскиот институт за култура во Белград и Кинотеката, фестивалот ќе се отвори со проекцијата на „Пинокио“ (2019), последниот филм на режисерот Матео Гароне.
Сите филмови ќе бидат со превод на македонски јазик, а влезот ќе биде бесплатен.