В сабота од 20 часот, во клубот „Јагода“ во Битола, концерт ќе одржат бендовите „Фанк шуи“ од Скопје и „From Another Mother“ од Загреб. Настанот го организира „Пондер“,независна битолска културна иницијатива, која има за цел промовирање на независните култура и уметност кај младите.
Првите 300 билети во претпродажба во „Јагода“ чинат 300 денари, потоа 400, а пред концертот ќе се продаваат за 500 денари.
На 28 октовмри, „Фанк шуи“ ќе има настап во Белград. Ова лето, бендот одржа неколку концерти во Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија, а во март одржа промоција на третиот албум „Никогаш пак” со 11 песни.
„From Another Mother“ има двајца постојани членови и тапанари кои се менуваат. Има издадено ЕП и два албума, кои се во живо отсвирени во над 20 европски држави.