На 15 февруари, во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи книжевна промоција на македонски преводи на две француски дела. Ќе се промовираат „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го отвори директорот на Францускиот институт и советник за култура и соработка Иго Бештел. Ќе говорат одговорните лица од двете издавачки куќи и преведувачите, кои ќе зборуваат за преведувачките дилеми и за предизвиците во областа на издаваштвото.
ДВОЈНА КНИЖЕВНА ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА ОД БАДЕНТЕР И САТРАПИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)