На 1 јуни во арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи концертот „Едноставно најдобар“ (Simply the Best), замислен како рок симфонија. Најголемите хитови на Тина Тарнер, но и на други бендови и пејачи ќе ги свири симфониски оркестар од Србија, во кој има 40 музичари.
Освен песните на американската рок-пејачка, кои ќе доминираат на концертот, ќе се пеат и песни на „Ганс ен роузис“, „Дип парпл“, „Еј-Си-Ди-Си“, како и познати дуети кои ја обележаа кариерата на Тина Тарнер. Како пејачка со оркестарот настапува Јулијана Винчан.
Влезниците се продаваат преку мрежата на „Купикарта“.