НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО МУЗИКА ОД КАУНТ БЕЈСИ ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
На 23 април од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Театарот во Велес, насловен „Џез лектира“. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин. Во март, оркестарот со оваа програма свиреше во Националната опера и балет.
„На концертот Џез Лектира се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како кралот на свингот“, велат од оркестарот.
Во 1935, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.