Облека, модни додатоци и вредни предмети од „Версаче“, „Гучи“ и „Прада“ во сопственост на Елтон Џон се продаваат на аукција на Ибеј.
Првата серија предмети беше пуштена во продажба во февруари, од дијаманти на „Картие“ до француски антиквитети и свилени кошули од „Версаче“. Пејачот, кој е прогласен за еден од најдарежливите милијардери во 2024, неодамна отвори нова продажба, а приходот ќе биде наменет за неговата фондација за борба против сидата.
Продажбата трае до 7 јули, а понудите почнуваат од 25.000 евра. Меѓу понудените предмети се чевли „Прада“, тренирки, бањарки, очила и спортски јакни. Оваа продажба можеби нема да постигне цена како неговата прва аукција, со која заработи повеќе од 17 милиони евра. Тогаш се продадоа концертно пијано за 187.000 евра, уметнички слики и облека.
(Фото: Фејсбук)