РАСЕЛ КРОУ ГИ ПРОДАВА СУВЕНИРИТЕ ОД „ГЛАДИЈАТОР“ ЗА ДА ГО ПРОСЛАВИ РАЗВОДОТ

Лондон, (Телеграф)

Славните личности најчесто сакаат своите скапи разводи и договори да ги чуваат далеку од очите на јавноста.

Но, оскаровецот Расел Кроу и неговата, наскоро, поранешна сопруга Даниел Спенсер, кои се разделија пред пет години, брзо ќе го финализираат разводот и ќе го прослават тоа со продавање на нивната колекција на филмски сувенири, гитари, мебел и накит на аукција во „Сотби“ во Сиднеј, наречена „Уметноста на разводот“.

„Разводот има свој начин да ве натера вистински да ги процените работите кои ви се од суштинско значење за животот. Јас разгледав наоколу и сфатив дека имам многу работи. Кутии и кутии со работи”, изјави Кроу во соопштението објавено од „Сотби“.

Кроу дури избра сентиментален датум за аукцијата, 7 април, што е негов роденден и годишнина од венчавката.

„Луѓето сега можат да уживаат во моите работи”, изјави тој.

Меѓу некои од поинтересните предмети на аукцијата се: боксерскиот појас од филмот „Пепелашко“, проценет на 500-600 долари, черепот на диносаурус што Кроу го купил од Леонардо ДиКаприо (35-40.000 долари), два лажни мртви коња од „Гладијатор“ (2.000-4.000 долари), како и функционална римска кочија од „Гладијатор“ (5.000-10.000 долари).

Највисока цена во неговата колекција, од 110.000-140.000 долари. има виолината од 1890 години од Италија, која Кроу ја користел во филмот „Господар и командант“.