Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ ќе одржат концерт во Штип на 21 јуни, на летната сцена на Домот на млади од 19:30 часот. Влезениците се по цена од 300 денари.
Во октомври 2023 Џамбазов прослави триесет години дружење и соработка со гитаристот Игор Атанасовски познат како Гуру Харе и тогаш рече дека 30 години им поминале како триесет минути. Концертот што го одржаа во Филхармонијата беше насловен „Првите 30“, како нивниот заеднички албум. На концертот се славеа два јубилеја, 60. роденден на Џамбазов и 30 години блуз со неговиот музички гуру.
На истата сцена во Штип, на 14 јуни ќе се одржи фестивалот на хип-хоп музика и урбани култури „Од А до Штип”. Настанот ќе биде целодневен. Започнува во 13 часот и ќе продолжи до вечерта.
Фото: К. Попов