ПЛОШТАД СЛОБОДА ОРГАНИЗИРА ТУРА ЗА ДЕЦА НИЗ ПРИМЕРИТЕ НА МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Плоштад Слобода објави отворен повик за учество во работилницата за деца „Град за сите: модерна за деца“, посветена на модернистичката архитектура на Скопје.

Работилницата е наменета за деца на возраст меѓу осум и 12 години, а ќе се одвива по три часа на 28/29 април и на 5/6 мај.

Ќе има специјални прошетки и посети на различни локации низ Скопје, како Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Музејот на современа уметност и Градски трговски центар, под раководство на Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет и Доротеј Нешовски, визуелен уметник етаблиран во соработка со деца на различни возрасти.

„Учеството во предвидените работни сесии ќе им помогне на децата да ги подобрат своите аналитички и уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на своето индивидуално и колективно уметничко изразување, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво“, велат од Плоштад Слобода, кои ја организираат работилницата со поддршка на Град Скопје.

Рокот за пријавување е до утре до 16 часот.