МОНОДРАМАТА „КАРМЕН“ СО ДРАГИЧЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА НА ФЕСТИВАЛ ВО АНКАРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Драмскиот театар од Скопје ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС во Анкара со монодрамата „Кармен“. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври под мотото „Градот и театарот“.

Учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓански и невладини организации од над 20 земји.

Во монодрамата „Кармен“ игра Биљана Драгичевиќ-Пројковска, режијата е на Дејан Пројковски. Монодрамата е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Сценографијата е на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија.