Режисерот Стивен Спилберг вели дека ниту еден филм не го погодил толку многу како „Шиндлеровата листа“.
Спилберг, Лијам Нисон, Бен Кингсли и други колеги се собраа на одбележувањето на 25-годишнината од снимањето на „Шиндлеровата листа”, на фестивалот Трајбека во њујоршкиот театар „Бикон”.
На отворениот разговор со публиката по проекцијата, Спилберг рече дека ова е првпат да го гледа филмот со публика, откако излезе во 1993 година.
„По ‘Шиндлеровата листа’, никогаш не почувствував таков вид на гордост, задоволство и чувство на вистинско, значајно постигнување“, кажа Спилберг.
Средбата беше шанса за Спилберг и за актерите да разговараат за искуството од правењето на ремек-делото.
„Беше возбудливо. Беше опасно и незаборавно “, се потсети Нисон на снимањето по улиците на Краков, Полска.
„Шиндлеровата листа”, снимен за 22 милиони долари, заработи 321 милион долари на светските кино-благајани и освои седум Оскари, меѓу кои и за најдобар филм и режисер. Потоа Спилберг ја основа фондацијата „Шоа“, во која се собрани сведочењата на 52.000 преживеани од Холокаустот.