АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ ЌЕ ПРОСЛАВАТ 25 ГОДИНИ КАРИЕРА СО НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА 17 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 17 декември од 20 часот, во Националната опера и балет новогодишен концерт ќе одржат оперските пејачи Ана и Игор Дурловски, со кој ќе прослават 25 години кариера.

„Концертот, во едно поинакво руво, ќе ги донесе едни од најубавите љубовни песни од македонската музичка традиција“, велат тие.

Автор на сите аранжмани е композиторот Сони Петровски.

Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.