На 20 декември од 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи новогодишен концерт со италијанскиот пијанист Франческо Барбаџелета (фото) и шпанскиот тенор Реиналдо Елијас Рамирез Дроз.
„Публиката ќе ужива во популарни дела, арии и канцони. Влезот е бесплатен, како наш мал подарок за верната публика. Благодарни сме за вашата доверба, љубов и поддршка низ годините“, велат од Охриско лето, организаторот на концертот, кој се одржува во придружната програма на фестивалот.
На 29 ноември, Охриско лето организираше концерт на камерниот оркестар „Профундис“ во Филхармонијата со српскиот виолончелист Петар Пејчиќ како солист.