ЕМ-ТИ-ВИ НЕ ПОСТОИ, НО НИЕ ЌЕ ГИ СВИРИМЕ ХИТОВИТЕ ОД ЗЛАТНОТО ВРЕМЕ НА КОНЦЕРТ ВО ОХРИД, ВЕЛАТ ОД БИТОЛСКИОТ ОРКЕСТАР „ДИВА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 1 мај во салата „Григор Прличев“ во Охрид од 20 часот, Битолски оркестар „Дива“ ќе одржи концерт со најголемите хитови на Ем-Ти-Ви.
Како солисти ќе настапат Ана Петановска, Полина Тасева (фото), Бојан Стојков, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.
„Ќе оживееме дел од најголемите хитови на една златна музичка ера. Ова е еден од најбараните проекти на нашиот оркестар што нè враќа во времето кога Ем-Ти-Ви во исто време беше музички канал, но и симбол на една генерација. Денес, кога повеќе не постои во онаа форма што сите ја паметиме, овој проект добива уште посилно значење. Тој е потсетување на песните што го одбележаа едно време и засекогаш останаа дел од нашите спомени“, велат од оркестар „Дива“.
Концерти со овие хитови веќе се одржаа во Скопје, Битола и уште неколку градови низ Македонија во полни сали. На концертот во Охрид ќе диригираа Владимир Димовски. Билетите чинат 500 денари и се во продажба онлајн  на yournextevent.info.