МАДОНА ГО НАЈАВИ СВОЈОТ НОВ АЛБУМ ПО ПАУЗА ОД СЕДУМ ГОДИНИ, ИЗЛЕГУВА ВО ЈУЛИ

САД, (Би-Би-Си)

Мадона официјално објави дека нејзиниот следен албум ќе биде продолжение на „Confessions On A Dancefloor“ од 2005, од кој излезе хитот „Извини“ (Sorry). Таа најави дека новиот, 15. албум излегува на 3 јули, што ќе биде нејзиниот прв албум од „Мадам Икс“ од 2019.

За продолжението, таа повторно соработуваше со британскиот продуцент Стјуарт Прајс. Тие го снимија првиот дел во поткровјето на неговиот дом во Лондон, каде што Мадона го врежа своето име во гредите. Тие се здружија и за турнејата во 2023. Една година подоцна, Мадона објави фотографија од новото студио на Прајс во западен Лондон, пишувајќи: „Назад во студио со Стјуарт Прајс“.

„Овие изминати неколку месеци беа лек за мојата душа. Подиумот за танцување не е само место, туку праг, ритуален простор, каде што движењето го заменува јазикот“, рече 67-годишната пејачка за новиот албум.