Детскиот културен центар „Карпош“ по третпат ќе го организира Фестивалот на детски мјузикли, кој ќе се одржи од утре (30 мај) до 1 јуни во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.
Фестивалот ќе започне на 30 мај во 19 часот со премиерната изведба на мјузиклот „Убавицата и ѕверот“, препеан на македонски јазик од Весна Малинова, во изведба на Студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје, под раководство на Наташа Јанкова. Мјузиклот ќе биде изведен и на 31 мај во истиот термин.
На 1 јуни од 12 часот, ќе се одржи мјузиклот „Петар Пан“ на англиски јазик.
Директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска, рече дека фестивалот има културна и едукативна вредност. Уметнички раководител на фестивалот е Наташа Јанкова.
Целта на фестивалот е да се афирмира мјузиклот како уметничка форма кај децата и младите.