Денеска (9 јуни) од 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовиран новиот роман „Понекогаш се враќаат“ од писателот и сликар Димитрие Дурацовски.
За романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе зборуваат Ангелина Бановиќ-Марковска, Ненад Јолдески и Оливера Ќорвезироска.
„Понекогаш се враќаат“ е роман за сеќавањето, домот, враќањето кон корените и за приказните што остануваат да живеат низ времето.
„Со својата препознатлива поетика и визуелна чувствителност преточена во книжевен израз, Дурацовски создава дело што долго останува во мислите на читателот“, вели издавачот.