СТУДЕНТИТЕ ОД ТМФ ОДРЖАА УНИКАТНА МОДНА РЕВИЈА ИНСПИРИРАНА ОД ДЕЛАТА НА КЛОД МОНЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, се одржа јубилејната 20. студентска модна ревија „Вортекс импресии“.

Ревијата привлече големо внимание кај љубителите на модата и дизајнот. Под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, студентите ги претставија уникатните модни креации инспирирани од темата на вртлогот како симбол на енергија, движење и динамиката на современиот свет.

Фото: ТМФ

Овогодишното издание беше инспирирано и од творештвото на Клод Моне, со што ревијата понуди впечатлив спој на уметноста, модата и современите технологии. Студентите претставија креативни и смели модни дизајни и добија голем аплауз од публиката.

Професотката и модна дизајнерка Лидија Георгиева со водителот Огнен Јанески (Фото: ТМФ)

Моделите ги носеа манекенки од модната агенција „Подиум“ и модно студио „Црнокрак“ со шминка и фризура на учениците од средното училиште „Димитар Влахов“.