Деми Ловато ќе се појави во новиот филм „Камп рок 3“, повторно во улогата на Мичи Торес, ликот кој го играше во оригиналниот филм од 2008 и во продолжението од 2010. Ловато на Инстаграм сподели фотографии од новиот филм и од претходните два и напиша „Мичи засекогаш“.
Ловато повторно се сретна со своите колеги од „Камп рок“, Џо Кевин и Ник Џонас, на премиерата во Лос Анџелес.
Приказната го следи бендот „Конект 3“, кој останува без предгрупа за големата турнеја по повод обединувањето. Членовите се враќаат во „Камп рок“ за да ја пронајдат следната голема музичка ѕвезда. Камперите се натпреваруваат за можноста да настапат како предгрупа, што носи нови пријателства, ривалства, откритија и романси.
„Камп рок 3“ ќе има премиера на каналот „Дизни“ на 13 август, а од следниот ден ќе биде достапен на „Дизни+“.
Ловато лани во октомври го објави деветтиот студиски албум, а од април до мај годинава беше на турнеја низ Северна Америка.
(Фото: Дизни)