Американскиот музичар Стиви Вондер најави светска турнеја по повод 50 години од објавувањето на неговиот легендарен албум „Songs in the Key of Life“. На секој од 18-те концерти Вондер ќе го испее целиот албум во живо.
Турнејата почнува на 13 октомври во Бирмингем и ќе опфати градови во Европа и САД, меѓу кои Париз, Копенхаген, Осло, Стокхолм, Амстердам, Даблин, Лондон, Њујорк, Чикаго, Вашингтон и Детроит. Последниот концерт е закажан за 19 декември во Лос Анџелес.
„Songs in the Key of Life“ беше објавен во 1976 и се смета за едно од најзначајните дела во кариерата на Вондер. Албумот му ја донесе третата Греми награда за албум на годината, а подоцна беше вклучен во Националниот регистар на снимки на Конгресната библиотека на САД поради неговото културно, историско и естетско значење.
Вондер (76), кој во кариерата има освоено 25 Греми награди, последната турнеја ја одржа во 2024.
(Фото: Гети)