ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА СО ДЕЛА ОД СТОЈКОВ, ПРОШЕВ, НАЧЕВСКИ И ГАВРИЛОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот Денови на македонска музика ќе почне денеска (17 септември) во 20 часот со симфониски концерт во Филхармонијата. Ќе настапи нејзиниот оркестар, со кој ќе диригира Иван Еминовиќ, а солистка ќе биде мецосопранот Сара Јанева (фото).

На програмата се дела од четворица македонски композитори од различни генерации: „Циклус песни“ (2004) од Стојан Стојков, „Темпера 3“ (1968) од Тома Прошев, увертирата „Храдебни“ (1997) од Горан Начевски и Концертот за симфониски оркестар „Ремикс“ (2012) од Гоце Гавриловски.

Денови на македонска музика е фестивал посветен на македонското музичко творештво, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ). Годинава се одржува неговото 49. издание. Влезот е слободен.