ЛОЗАНО СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 5 МАРТ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано на 5 март 2027, ќе одржи концерт во Филхармонијата, насловен „Километри љубов“, на кој ќе ги изведе своите најголеми хитови, како и преработки на познати македонски песни.

На концертот се најавени и гости, чии имиња дополнително ќе бидат објавени.

Лани Лозано одржа концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на кој со неколку госто настапи пред бројна публика и ги испеа своите најпознати песни. Бината беше проширена до публиката, а поп-пејачот повеќепати во текот на концертот се поздравуваше со фановите од сите генерации. На песната „Жена ко ти“ тој им подари ружи на жените од првите редови, како подарок за 8 Март.

Лозано е познат по хитовите „Километри“, „Сонце не ме грее“, „Мандарина“ и „Јако, јако“. Во 2013 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Малме, Шведска, заедно со Есма Реџепова.

Билетите за концертот се во продажба преку „Купи карта“.