Индија ги надмина САД и стана втор најголем пазар за смартфони на светот. Кина останува на првото место.

Според податоците на тамошните царински власти, Индија извезла 40 милиони мобилни телефони во третата четвртина од оваа година, што претставува зголемување за 23% во споредба со истиот период лани.

Овие бројки беа доволни Индија да ги остави САД зад себе, додека Кина го презеде приматот на најголем извозник уште во 2011 година.

Индија, втората најнаселена држава на светот со 1,3 милијарди жители, очекува да има 300 милиони корисници на смартфони до крајот на годината.

Меѓу нив, најзастапени модели се оние на „Самсунг“ и на „Шијаоми“, кои оваа година заедно продале речиси 20 милиони телефони во Индија.