ЏЕМПЕРОТ НА КУРТ КОБЕЈН ШТО НЕ Е ИСПРАН СО ДЕЦЕНИИ СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 334.000 ДОЛАРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Џемперот на Курт Кобејн, на кој има дамки и изгореница од цигара и кој не е испран речиси три децении, се продаде на аукција во Њујорк за 334.000 долари.

Фронтменот на „Нирвана“ го носеше џемперот за време на легендарниот акустичен концерт на Ем-Ти-Ви во 1993 година, кој по неговата смрт беше преточен во албумот „MTV Unplugged in New York“. Не е познато кога последен пат го носел. Легендарното парче облека официјално е најскапо продаден џемпер на аукција.

Специјално изработената гитара на Кобејн „фендер мустанг“ достигна цена од 340.000 долари.

Кобејн ја формираше „Нирвана“ во 1987 и стана предводник на гранџ сцената, а се самоуби во април 1994 на 27 години.