Роботи изработени од „Тојота“ ќе бидат поставени на локации за време на Олимпијадата и Параолимпијадата 2020 во Токио. Шеснаесет роботи ќе им помагаат на гледачите, така што ќе им носат храна и пијалоци, ќе ги насочуваат кон нивните седишта и ќе им даваат информации за настаните.

„Роботската технологија ќе придонесе да имаме побезбедни Игри и иако роботите ќе имаат специфични улоги, се очекува проектот да биде проширен и тие да бидат користени и во секојдневниот живот“, изјавија организаторите.

„Панасоник“ исто така изработи роботи за носење багаж, кои ќе бидат користени на аеродромите (Фото: Дезин)

Робот кој наликува на мобилна канта за ѓубре е специјално дизајниран да ги носи предметите на лицата во инвалидски колички.

„Панасоник“, исто така, изработи роботи, чија улога на аеродромите ќе биде да го внесуваат багажот на спортистите во автобусите.