Мобилната апликација Грид, кој беше лансирана пред неколку дена, за краток период беше инсталирана од над 15.000 корисници. Апликацијата овозможува да се следат најнови и актуелни вести од преку 200 македонски извори со посебна можност секој корисник да одбере свои омилени медиуми и категории. Секој корисник има опција да креира сопствени категории според своите интереси, како на пример: Калиопи, Шаоми, РК Вардар и слично.
Со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата нуди заштита од лажни вести, а ви го штеди и времето потрошено на посета на десетици различни сајтови.
Корисниците можат и да ги зачуваат омилените вести за да ги прочитаат подоцна преку категоријата „Мои вести“. Дополнителна вредност на апликацијата е копчето во долниот десен агол кое што нуди информации до кои вообичаено тешко се доаѓа: кои филмови играат на ТВ, со детални описи и трејлери, комплетен преглед на спортските настани, сите театарски претстави, концерти поделени по жанрови, дневен хороскоп…
Апликацијата може да се инсталира од Гугл Плејстор, а верзијата за ајфон сè уште е во изработка, но можете да се регистрирате и да бидете првите кои ќе ја добијат кога ќе биде готова.