Пилот такси-сервис од финскиот град Турку за време на фестивалот „Руисрок“ им овозможува на патниците да платат за возењето во електричните автомобили со караоке пеење.
„Автомобилот не се движи без пеење”, вели еден од возачите, Топијас Уиспере.
Патниците можат да направат плејлиста пред почетокот на возењето, кое трае десет минути во една насока. Ако престане пеењето, ќе застане и моторот.
Проценките се дека на музичкиот фестивал дојдоа околу 100 илјади гости, а настапија имиња како Дуа Липа, Н.Е.Р.Д и „Креатор“.
Од „Фортум“, финска енергетска компанија која го спонзорира автомобилот, рекоа дека целта е да се привлече вниманието кон електричните автомобили, што може да помогне во намалувањето на издувните гасови.