МАКЕДОНИЈА НА ПРАГОТ НА 2.000 ПОТВРДЕНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија се доближи до границата од 2.000 потврдени случаи на коронавирус, откако во изминатите три дена имаше вкупно 78 позитивни теста.

  • Во Македонија има 21 нов случај на коронавирус, откако во изминатите 24 часа биле направени 258 тестирања.
  • Најголем дел од нив се во Скопје – 12, па следуваат Тетово со пет, Куманово со три и Штип со еден.
  • Вкупната бројка заразени досега порасна на 1.999.
  • Починаа 113 лица, а 447 се активни случаи.
  • Досега оздравеле 1.439 носители на вирусот.