МОДАТА И КАТОЛИЦИЗМОТ СЕ СПОИЈА НА МЕТ ГАЛА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (Би-Би-Си / АП)

Католицизмот и неговото влијание врз модната индустрија низ историјата беше темата на годинашното издание на Мет гала во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, што се смета за еден од најважните и, секако, најекстравагантни настани во светот на модата.

Познат по скапи влезници и ексклузивна листа на гости, тој оваа година ја имаше една од најконтроверзните теми досега, наречена „Небесни тела: мода и католичка имагинација“, па најголемите поп-ѕвезди се прошетаа по црвениот тепих носејќи ангелски крилја, крстови, злато или во случајот на Ријана, облечени како папа.

Ријана како секси папа (Фото: ПА)

Пејачката од Барбадос привлече најголемо внимание во мини-здолништето на Џон Галијано, додека на главата носеше капа во стилот на папата Фрањо.

„Модата и религијата долго време се испреплетуваат и заемно инспирираат. Иако оваа врска може да биде комплексна и понекогаш оспорувана, таа создаде некои од најиновативните креации во историјата на модата“, кажа кураторот на Мет, Ендрју Болтон.

Амал и Џорџ Клуни (Фото: Ројтерс)

Како домаќини на годинашната манифестација фигурираа Ана Винтур, Амал Клуни и Донатела Версаче, а меѓу ѕвездите кои се појавија беа Џенифер Лопес, Мадона, Ники Минаж, Кејти Пери, Ким Кардашијан со сопругот Канје Вест, Рита Ора, Аријана Гранде и многу други.

„Религијата и духовноста ме инспирираа низ целата кариера, исто така и модата и комбинацијата на овие две работи е совршениот брак. Ако го внесете и Жан-Пол Готје во целата приказна, тогаш добивате совршена тројка“, кажа Мадона.

Оскаровките Френсис Мекдорманд и Ен Хатавеј со дизајнерот на Валентино, Пјерпаоло Пичиоли (Фото: Гети)
Дијане Кругер (Фото: Гети)
Кејт Босворт (Фото: Гети)
Рита Ора (Фото: Шатерсток)
Џенифер Лопес (Фото: Шатерсток)
Мадона (Фото: АП)