Платформа од железо во јужен Лондон, каде пред 50 години Дејвид Боуви настапил на фестивал, доби статус на заштитен објект од втор степен, што значи дека е објект од особен интерес со загарантирана заштита.
Платформата во Бикенхем беше централно место во паркот Кројдон за бесплатниот музички фестивал организиран од Боуви во духот на Вудсток. Платформата е изградена во 1905.

Боуви настапи на сцената пред неколку стотина граѓани, а настанот се одржа непосредно по излегувањето на легендарниот албум „Space Oddity“.
Платформата го доби статусот на заштитен објект на 50-годишнината од фестивалот, кој се одржува секоја година, од Одделот за дигитална уметност, медија и спорт.
Боуви, кој почина во 2016 беше голема инспирација за светскиот дизајн откако се стекна со светска слава во 1970-те.