МОСТ-МУЗЕЈ ИЗГРАДЕН ВО КИНА

Пекинг, (Дезин)

Кинеската фирма „FCXZ“ јa заврши уметничката галерија вo градот Јишоу, која истовремено претставува и мост и таа има за цел да ги поттикне граѓаните да се поврзуваат со уметноста при нивните дневни обврски.

Музејот на уметноста се наоѓа над реката Ванронг, која минува низ стариот дел на градот. Градските власти првично планираа да изградат музеј во новиот дел на градот, но фирмата ја предложи сегашната локација.

(Фото: Дезин)

„Реката минува среде Јишоу, што ја прави најцентрална локација за музеј. Тој има двојна улога како пешачки мост. Се надеваме дека граѓаните при нивното секојдневно одење на работа, училиште или шопинг ќе се запознаваат со уметноста“, изјавија архитектите.