АРТЕФАКТИ ОД ГРОБНИЦАТА НА ТУТАНКАМОН ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ НА ТУРНЕЈА НАДВОР ОД ЕГИПЕТ

Париз, (АП)

Нова изложба со артефакти од гробницата на античкиот египетски фараон Тутанкамон денеска се отвора во Париз, 50 години откако слична изложба го постигна рекордот на посетеност, кој сѐ уште не е надминат во францускиот главен град. Предвидувањата се дека изложбата ќе има над милион посетители.

Организаторите велат дека 150 предмети што ќе можат да се видат на изложбата насловна „Тутанкамон, богатствата на златниот фараон“ за последен пат патуваат надвор од Египет, пред да бидат поставени во нов музеј во близина на пирамидите во Гиза. Изложбата се организира за да се одбележи еден век од откривањето на гробницата од британскиот архeолог Хауард Картер во 1922 година.

Париз е втора станица на изложбата од турнејата во 10 градови, која почна во Лос Анџелес. Кураторот Тарек Ел Авади вели дека целта на изложбата е „да даде одговори на најчестите прашања зошто античките Египќани погребувале вакви богатства“.