Политичари, уметници, директори на институции, филмаџии и многу повеќе битолчани отколку на отворањето имаше на синоќешното затворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Горан Козаров, директорот на ЈП „Водовод“, со сопругата Маја Козарова (Фото: Г. Петровски)

Во изминатите денови, на ова 40. издание на фестивалот се славеше јубилејот со врвни имиња од филмската уметност, како Ед Лакман, Љупчо Константинов, Хозе Луис Алкаине, Џим Шеридан, Рајнер Клаусман, Фатих Акин, Џон Метисон и Најџел Волтерс. За овие осум дена, на пет локации беа прикажани 128 филмски наслови создадени од филмски уметници од над 50 земји.

Советничките Елеонора Илиевска и Билјана Поповска (Фото: Г. Петровски)

„Јас се обидов колку што можам да бидам битолчанка. Не е лесно, но, еве, ќе се обидеме и понатаму да го чуваме духот на Битола, на урбана Битола која ги сака филмот и овој фестивал. Оваа година моето мото е ‘оние што прашуваат ја носат светлината’, таа на сите ни е потребна“, рече директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски со сопругата Билјана Гошаревска и актерот Мето Јовановски (Фото: Г. Петровски)

Меѓу гостите беа и потпретседателот на СДСМ Коста Петров и Јасмина Ангелова, активистка од МКЦ Битола (Фото: Г. Петровски)

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска со сопругот (Фото: Г. Петровски)

Началникот по земјоделство Менде Илиевски со сопругата Еми Ропи (Фото: Г. Петровски)

Новинарот Пеце Стефановски со сопругата Лидија Стефановска, специјалист ортодонт (Фото: Г. Петровски)

Директорката на „Браќа Манаки“ со лауреатот Јоргос Арванитис и неговата сопруга (Фото: ИФФК „Браќа Манаки“)

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние (Фото: ИФФК „Браќа Манаки“)

Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски со сопругата (Фото: ИФФК „Браќа Манаки“)