„Јас, робот“ беше темата на годинашниот фестивал „Брнинг мен“, кој почна со песочна бура, а заврши со вообичаената комбинација на оган, театар и диви костими.
Годишниот собир, кој традиционално се одржува во пустината Блек Рок во Невада, привлече околу 70.000 луѓе, кои се изразија себеси преку откачени и необични облеки и возила и стотици уметнички дела со најразлични облици и големина.
Темата, чие име беше преземено од колекцијата на кратки научно-фантастични приказни на Ајзак Асимов, ги запраша уметниците „колку форми на вештачка интелигенција продираат во нашите животи“.
Централна инсталација на фестивалот беше џиновската диско-топка, која ја претставуваше Земјата во размер 1:500.000, со дијаметар од 30 метри, дело на данските дизајнери Бјарке Ингелс и Јакоб Ланге.
Ова се некои од најголемите, најчудни и најрадикални уметнички форми на годинашниот фестивал: