Британската кралска ковачница го овековечи Елтон Џон на златна монета од 1.000 фунти, со која се оддава почит на неговото музичко наследство.
„Ова е прекрасна почест. Во изминатите неколку години ми се случија некои од најнезаборавните моменти во кариерата и ова е уште еден убав јубилеј на тоа патување“, изјави Џон.
Монетата ги содржи препознатливите очила и сламен шешир на Џон. Најевтината монета има номинална вредност од пет фунти и ќе се продава за 13 фунти, додека верзијата од еден килограм злато е со вредност од 1.000 фунти, но нејзината цена е 68.865 фунти.
Седумдесет и тригодишниот Џон беше на својата проштална светска турнеја кога таа беше прекината од пандемијата на коронавирусот.