„Ферари“ му исполни желба на богат муштерија, вљубеник во неговите тркачки автомобили од 1960-ите и специјално за него создаде уникатен примерок на модел наречен „П80/Ц“. Инженерскиот тим на компанијата почнала да работи на овој проект во 2015 година и сега го покажа неверојатниот резултат.
„П80/Ц“ не е наменет за друмско возење, туку само за тркачка патека. Заснован на „ферари 488 ГТ3“, дизајнерите и инженерите на „Ферари“ работеа заедно за да создадат комплетно ново тело од јаглеродни влакна, естетски примамливо и функционално на патека.
„Ферари“ не ја откри цената на проектот, но се шпекулира со сумата од пет милиони евра. Идентитетот на муштеријата останува тајна, а не се познати ниту спецификациите на моторот на „П80/Ц“.