ФИРМА ОД АМСТЕРДАМ НАПРАВИ ПАТИКИ ОД ГУМИ ЗА ЏВАКАЊЕ

Амстердам, (Верџ)

Холандската дизајнерска фирма за еколошка одржливост „Гамдроп“ и маркетинг организацијата „Јас сум Амстердам“ соработуваа на проект за патики од рециклирани гуми за џвакање. Ѓонот на патиката „Гамшу“ (Gumshoe) e направен од гума собирана од улиците на Амстердам.

„Откривме дека гумата за џвакање е направена од синтетичка гума. Со растурање на нејзини состојки, успеавме да создадеме нов вид на гума“, вели Ана Булус, менаџер-директор и дизајнер во „Гамдроп“.

Според проектот, околу 1,5 тони мастики се фрлаат на тротоaрите на Амстердам, а градот троши милиони долари за да ги исчисти. Фирмата користи околу еден килограм гума за четири пара патики.

Состојките преку технологијата за гума се формираат како гранули и потоа се обликуваат во ѓон, кој е во форма на мапа на градот. Останатиот дел од патиката е од платно.

„Баравме начин како да направиме луѓето да бидат посовесни за овој проблем. Така настана идеја да направиме продукт од нешто за што луѓето не се грижат“, изјави портпаролот на проектот Џонатан ван Лун.

Патиките се достапни во три бои, црни, црвени и розови, а чинат 190 евра.