КАНЈЕ ВЕСТ СТАНА НАЈБОГАТИОТ АФРОАМЕРИКАНЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА

Лос Анџелес, (Скај)

Раперот и моден бизнисмен Канје Вест стана најбогатиот Афроамериканец во историјата, откако неговото богатство стигна до 6,6 милијарди долари. „Блумберг“ ја објави сумата со која Вест ги надмина инвеститорот и бизнисмен Роберт Ф. Смит и кошаркарската легенда Мајкл Џордан.

Вест, кој пред три години тврдеше дека има долг од 53 милиони долари, лани стана милијардер благодарение на неговиот успешен бренд за патики „Јизи“ и повеќегодишниот договор со „Гап“.

Ким Кардашијан, која исто така е милијардерка од лани, неодамна поднесе барање за развод од Вест по речиси седум години брак.