Француски бизнисмен изгради неверојатен островски ресорт покрај брегот на Брегот на Слонова Коска кој плови на ништо друго освен на пластичен отпад.
Островот што содржи хотел, ресторан, караоке бар и два базена е направен од 700.000 пластични шишиња и друг пластичен отпад.

„Она што е одлично кај овој концепт е што нешто негативно претворивме во нешто позитивно“, вели Ерик Бекер за својот проект „L’ile Flottante“, што во превод значи пловечки остров.
Тој сака да промовира зелен туризам и се надева дека неговиот концепт ќе инспирира други бизнисмени. Островот моментално тежи 200 тони и се наоѓа во лагуна, бидејќи плитка вода е идеална за концептот.

Гостите треба да платат 100 долари ако сакаат да ноќеваат, додека посета чини 25 долари, со вклучен оброк. Островот привлекува околу 100 туристи неделно и тоа не само локални луѓе.
Тој се снабдува со електрична енергија преку соларни панели, а питка вода добива од копното, бидејќи лагуната е доста блиску до главниот град Абиџан.