ХОЛОГРАМ НА РЕГАН ГИ ПРЕЧЕКУВА ГОСТИТЕ ВО НЕГОВАТА БИБЛИОТЕКА

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Поранешниот американски претседател Роналд Реган се појави како холограм во неговата официјална библиотека во Калифорнија.

Сликата на Реган во 3-Д ги пречека посетителите во Претседателската библиотека и музеј „Роналд Реган“. Гостите можеа да видат три различни звучни сцени од значајни појавувања за време на неговиот мандат, кој траеше од 1981 до 1989 година. Реган почина во 2004 година.

„Ако никогаш не сте биле во соба со претседателот Реган, на овој начин ќе имате чувство дека стои пред вас. Навистина е изненадувачки колку изгледа реалистично“, рече Џон Хибуш, директор на Фондацијата и институт „Роналд Реган“.

Холограмот на Реган беше направен со технологијата, со која беа „оживеани“ и Тупак Шакур на фестивалот „Коачела“ во 2012 и Мајкл Џексон на наградите Билборд во 2014 година.