ЉУБОВНИ ПИСМА ДО ЕВРОПА – ПОЕЗИЈА ГО ОСВЕТЛИ ЕДИНБУРГ

Единбург, (Гардијан)

Во Единбург овие денови може да се чита поезија од некои од најпрепознатливите градби во градот.

Стиховите се дел од инсталацијата „Љубовни писма до Европа“, што е поставена во рамките на традиционалниот новогодишен фестивал „Хогманеј“.

Поезијата ќе може да се чита во вечерните часови до 25 јануари, а со свои стихови и пораки придонесоа шест писатели: Били Летфорд, Читра Рамасвами, Капка Касабова, Луиз Велш, Стеф Смит и Вилијам Далримпл.