Во скопската населба Центар, на фасадата на некогашното култно кафуле „Пирамида“, Кристина Лазоска наслика мурал, кој освен што го освежува просторот, има и порака за еколошка свест.
Лазоска вели дека идејата за овој мурал е на продавницата за рачни изработки „Еснаф“, која поддржува развој на мали занаетчиски бизниси. За реализацијата на муралот ѝ требале два и пол дена или околу 20 часа работа.
„Бидејќи од продавницата имаше поглед на сив ѕид исчкртан со политички графити, решија да ме ангажираат да нацртам мурал, со што би се разубавил амбиентот во нивната околина. Муралот содржи порака за еколошка свест. Градот е пренатрупан со бетон и сѐ повеќе наликува на индустриска зона, а зеленилото сѐ повеќе го снемува“, вели Лазоска, која по професија е дипломиран преведувач, а пасија и хоби ѝ се сликањето.
Б. НЕСТОРОСКА