НОВ КИНЕСКИ ТЕРЕНЕЦ ГИ ШТИТИ ПАТНИЦИТЕ И ОД ВИРУСИ

Пекинг, (Мотор1)

Кинеската автокомпанија „Гили ауто“ го претстави својот најнов модел „ајкон“, но тоа не е обичен компактен теренец.

Компанијата која е сопственик на „Волво“ и „Лотус“ вели дека „ајкон“ е опремен со напреден систем за прочистување на воздухот, што ќе спречува влегување на нечистотии, алергени и вируси во кабината. Тоа важи и за моментално светскиот непријател број еден, коронавирусот КОВИД-19.

Системот за филтрирање на „ајкон“ има добиено сертификат кој потврдува дека тој блокира 95% мали честички со дијаметар од 0,3 микрони. Сепак, честичките на коронавирусот имаат дијаметар меѓу 0,05 и 0,2 микрони, што значи дека системот можеби нема целосно да ги штити патниците, и покрај нивната крајно ограничена изложеност.

И покрај тоа, „Гили“ објави дека примил 30.000 нарачки за својот нов теренец.