СЕ ПРОДАВА ЛИЧНАТА КОЛЕКЦИЈА НА РЕТКИ АВТОМОБИЛИ НА ПОЛ ВОКЕР

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Дваесет и еден автомобил од личната колекција на Пол Вокер ќе бидат ставени на аукција во јануари 2020. Ѕвездата на „Брзи и бесни“, кој загина во 2013 во Лондон, беше страствен колекционер на ретки автомобили, особено на „БМВ“.

Меѓу позначајните модели што ќе се продаваат се седум автомобили „БМВ М3“, тркачкиот болид од 1989 „нисан скајлајн“, како и „нисан 370З“ од 2009, кој беше користен на снимањето на „Брзи и бесни 5“.

Автомобилот „БМВ М3 лајтвејт“ од 2005 е еден од само 125-те произведени во светот.