Во повеќе словенечки градови ќе се постават иновативно дизајнирани пешачки премини кои создаваат илузија на тридимензионалност и на возачите им оставаат впечаток на физичка пречка. Првите 3-Д зебри ќе бидат отворени во Велење, на улици во чија близина се наоѓаат неколку училишта.

„Ние сме првата општина во Словенија која се придружи на иницијативата да се постават 3-Д зебри во мирни области. Убедени сме дека децата ќе бидат повидливи и побезбедни поради овие зебри. Во Словенија сè уште сме сведоци на сообраќајни несреќи во кои страдаат деца, стари лица, пешаци и велосипедисти“, изјави градоначалникот на Велење, Петер Дермол.

Следниот месец, 3-Д пешачки премини ќе добијат Птуј и Љубљана.

Идејата за вакви зебри потекнува од Исланд, каде што првпат беа поставени во 2017 година.