Група уметници го трансформираа 10-метарскиот бетонски звучник во Тајван, кој бил користен за емитување антикомунистичка пропаганда, во уметничка инсталација. Делото го работеа тројца Тајванци, заедно со уметник од Берлин, за настанот насловен „Соник територис“.
Поставена на островот Кинмен, околу шест метри од брегот на Кина, кулата има огромна бетонска фасада, во која се вградени 48 воени звучници.
До крајот на 70-ите години, тајванската влада ја користела кулата за насочување на антикомунистичката пропаганда кон кинеското крајбрежје. Звучниците имаат опсег до 24 километри, носејќи го звукот до кинескиот град Сјамен.
„Од она што ми го кажуваат, тоа било навистина, навистина гласно, а за некои, вознемирувачки гласно. Тоа не се секогаш биле добри спомени за луѓето на островот”, вели еден од уметниците.