ФАНОВИТЕ ШОКИРАНИ ОД СОЗНАНИЕТО ДЕКА КУКЛАТА БАРБИ ИМА ПРЕЗИМЕ

Њујорк, (Бизнис инсајдер)

Дали некогаш сте помислиле дека најпознатата кукла на светот Барби има презиме? Излезе дека има и ова откритие ги шокираше фановите низ целиот свет.

Одбележувајќи го неодамнешниот Национален ден на браќа и сестри, официјалниот Твитер профил на Барби објави фотографија со нејзините „сестри“, кои им го честитаат денот на сите свои фанови.

Барби со нејзините „сестри“ (Фото: Твитер)

„Среќен Национален ден на браќа и сестри ви посакуваат сестрите Робертс“, стоеше во твитот.

Креирана од бизнисменката Рут Хeндлер во 1959 година, која дошла на идеја откако во Германија видела слична кукла, Барби била крстена како Барбара Милисент Робертс, според името на ќерката на Хeндлер. Низ годините полното име било занемарено, па куклата се здоби со светска слава само како Барби.

Серијата романи од 60-ите години го открија целосното потекло на Барби, па така нејзините родители се викале Џорџ и Маргарет и биле од измислениот град Вилоус, Висконсин.

Нејзиното момче Кен, кој исто така има презиме – Карсон, се појави во 1961 година.

Твитот на Барби доби над 10.000 лајкови, но голем број фанови побараа од компанијата „Мател“ да го покаже нејзиниот извод.