Келн, каде што се одржува една од најголемите геј паради во Европа, ќе постави сообраќајни знаци со истополови двојки по повод 50-годишнината од немирите во Њујорк, кога беа уапсени членови на геј заедницата. Градот планира привремено да промени 20 семафори за пешаци, на кои ќе има слики од истополови двојки, соопштија градските власти.

„Симболите се подготвуваат“, изјави градскиот портпарол Јирген Миленберг.

Семафор со ликот на Бетовен во неговиот роден град Бон (Фото: Дојче веле)

Повеќе германски градови имаат уникатни семафори. На семафори во Берлин е човекот со шапка, симбол на Источна Германија, Бон има семафори со ликот на Бетовен, а Трир со Карл Маркс. Фридберг неодамна на некои семафори го стави ликот на Елвис Присли, кој таму служел војска во доцните 1950-ти.