„ДОЛЧЕ И ГАБАНА“ Ѝ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА МАДОНА НА МОДНАТА РЕВИЈА ВО МИЛАНО

Милано, (АП)

Мадона беше гостинка на последниот ден од Модната недела во Милано на ревијата на „Долче и Габана“. Поп-ѕвездата седеше во првиот ред заедно со Наоми Кембел и Викторија де Анџелис од групата „Манескин“.
Покриена со црн превез, Мадона се обиде кришум да влезе на ревијата на „Долче и Габана“, додека моделите носеа креации во стилот на нејзиниот имиџ од 1990-тите.

Модел од колекцијата на „Долче и Габана“ за пролет/лето 2025 инспириран од стилот на Мадона од 1990-тите (Фото: АП)

Моделите беа облечени во корсети со потпис на Доменико Долче и Стефано Габана, со кои ѝ оддаваат почит на моќната женска фигура како Мадона. Колекцијата е наречена „Италијанска убавина“.

Таа соработуваше со „Долче и Габана“ на турнејата на која го промовираше албумот „Еротика“ во 1993.

(Фото: АП)